Вевчани подготвено за уште едно карневалско издание

51

Манифестацијата почнува вечер со настап на Игор Џамбазов со Гуру Харе бенд и Нокаут, а атмосферата претходно ќе ја загреат Dj Ampov и Younge Daddy.

Василичарскиот дел почнува утре напладне со дефиле под маски низ вевчанските улици, а вечерта присутните ќе ги забавуваат Akustik band live, Наум Петрески, Оркестар со зурли и тапани Вевчани и Перо Бели и Коки Биортиам.

„Сместувачките капацитети, иако во мал број веќе се полни, а очекуваме голем број посетители и од околината. Покрај најавата на голем посетители од земјава, претставници на дипломатски претставништва и оваа година постои голем интерес кај странски медиуми да го проследат Вевчанскиот карневал и да ја пренесат сликата во своите земји“, изјави Кочовски.

Вевчанскиот карневал, кој е нематеријално културно наследство, по две години пауза, годинава доби 1,8 милиони денари од Министерството за култура, за што ресорната министерка Бисера Костадиновска Стојчевска и градоначалникот Кочовски потпишаа договор.

Според традицијата, Вевчанскиот карневал, стар околу 15 века, почнува на 13 јануари напладне со дефиле на маски на двете василичарски друштва Горна и Долна маала. Неизоставен дел од традицијата се зетот, невестата, двата ѓаволи, Глупавите Августи и останатите маски инспирирани од актуелните политички и секојдневни случувања. Секое карневалско издание за вевчанци е доживување, инспирација за изработка на маските црпат од актуелните случувања во годината што изминала. Вевчанци ќе кажат се, но до дефилето не откриваат во што ќе се маскираат.

Манифестацијата завршува со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, на 14 јануари.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content