Важно известување за гласачите за утрешните избори: Прочитајте за да нема забуни!

Единаесетите парламентарни избори во земјава ќе се одржат во среда. Ова се редовни парламентарни избори што се спроведуваат истовремено со вториот круг од претседателските избори.

144

Избирачите ќе може да гласаат со заокружување на еден од редните броеви пред 17-те листи на кандидатите за пратеници.

Се гласа во шест изборни единици, а дел од коалициите и партиите имаат листи само за одредени изборни единици. На изборите има 1755 кандидати од кои 1002 мажи и 753 жени.

Во Собранието на Република Македонија се избираат од 120 до 123 пратеници, од кои 120 пратеници се избираат според пропорционалниот модел, при што територијата на Републиката е поделена на шест изборни единици. Во секоја се избираат по 20 пратеници, а тројца пратеници се избираат според пропорционалниот модел во една изборна единица
која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија. На овие избори нема гласање во дијаспората така што бројот на пратеници што ќе се избира ќе биде 120.

Гласањето и за парламентарните и за вториот круг од претседателските избори започнува во 7 часот и трае до 19 часот. Граѓаните во текот на денот ќе можат само еднаш да дојдат на избирачкото место и да гласаат за двата вида избори или пак, само за претседателските или само за парламентарните избори. Идентификацијата на гласачите ќе се врши со т.н. фингерпринт апарати.

Записниците и другиот изборен материјал, избирачкиот одбoр ги доставува до ОИК во рок од пет часа по завршување на гласањето. По спроведените избори за пратеници, ОИК ги сумира резултатите од гласањето на листата на кандидати, составува записник и заедно со целокупниот изборен материјал го доставува до ДИК веднаш, а најдоцна до 12 часа од завршување на гласањето.

Првичните резултати од изборите добиени по електронски пат, Државната изборна комисија ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите. Конечните резултати, Државната изборна комисија ги објавува најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content