„Борбата трае“ е слоганот за одбележувањето на големиот национален празник

129

Владата во пресрет на одбележувањето на еден од најголемите национални празници во Република Македонија, 2 Август – Денот на Републиката, информира за активностите кои ќе се одржат под слоганот „Борбата трае“.

Централната манифестација, како и секоја година, ќе се одржи на 2 Август во Крушево, на месноста Гумење, на Мечкин Камен. На оваа свеченост обраќање ќе има Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Оваа манифестација претставува значаен момент за сите граѓани на нашата држава каде ќе се оддаде почит на хероите кои ја обележаа нашата историја.

Претседателот на државата, Гордана Сиљановска Давкова ќе го посети манастирот Свети Прохор Пчињски и ќе има свое обраќање на манифестацијата по овој повод на Пелинце. Нејзиното обраќање ќе биде посветено на историското значење на овој празник и на важноста од зачувување на националниот идентитет и традиции.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на претседателот на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто на плоштадот „Македонија“ и ќе има свое обраќање на манифестацијата по овој повод која ќе се одржи пред зградата на Собранието. Овој чин ќе биде симбол на почит и сеќавање на нашите предци кои ги поставија темелите на нашата држава.

-Со слоганот „Борбата трае“ сакаме да ја пренесеме пораката дека стремежот за напредок, слобода и благосостојба на нашата држава продолжува, потпирајќи се на историските основи и борбата на нашите предци, информираат од Владата.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content