Болна порака од жителите на Кочани: Семејствата и пријателите на загинатите во пожарот со посебна молба

117

Жителите на Кочани апелираат до медиумите и полицијата да обезбедат достоинствени услови за да можат семејствата и пријателите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ да ги погребаат своите најблиски.

Еден од оние кои апелираат на ваков апел е и Димитар Романов од Кочани, кој им се обраќа на полицајците и општините каде има загинати, да не дозволат некој да ја злоупотреби трагедијата и тагата на народот за сензационализам.

Верувам дека сите мои сограѓани 100% ќе се согласат со мене и се осмелувам да го напишам ова во името на сите граѓани на Кочани:

„Немојте да дозволувате новинарски екипи да се туркаат и пикаат во лицата на родителите, роднините и пријателите кои дошле да си ги погребаат нивните најмили!

Ако веќе треба да известуваат, ВЕ МОЛАМ обезбедете им соодветно место, подалеку од народот и од таму да не се мрдаат! Да не се шетаат меѓу народот, да кружат и да снимаат!

Дозволете достоинствено и со почит да си ги испратиме нашите најблиски!
Посебен акцент ставам на ДРОНОВИТЕ, немојте ни случајно да дозволите дронови да ни летаат над главите и да зујат во овие претешки моменти!

Не дозволувајте овој горчлив и мачен ден да го направат ЦИРКУС!

Постарите генерации можеби се сеќаваат кога беше погребот на Тоше, одредени новинарски екипи (секоја чест на исклучоци) уште во гробот не му скокнаа само за да направат ПОДОБАР КАДАР! Цела Македонија тогаш беше згрозена од нивните постапки, не дозволувајте тоа да се случи и сега!

Поставете полиција, поставете обезбедување, бараме заштита од вас! Заштитете нè од хаос!

Свесен сум дека организација на ваков настан е комплицирана и тешка, ама протокол мора да има и мора да се почитува!“ – пишува на социјалните мрежи во апелот.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content