Бобан Илиоски на квалификациски турнир во бокс ќе „брка“ норма за пласман на ОИ во Парис

59

Македонскиот светски и европски шампион во кикбокс, Бобан Илиоски ќе биде единствен наш претставник во квалификацискиот турнир за пласман на Летните Олимписки во Париз, но ќе се натпреварува во бокс.

Кикбоксот не е застапен на Олимписките игри, па така Илиоски ќе се обиде преку боксот да се избори за настап во Париз.Илиоски на турнирот кој ќе се одржи од 3-ти до 11-ти март во Бусто Арсизио Италија ќе се натпреварува во категоријата до 92 килограми.

„По освоените европско и светско злато 2023 во кикбокс, се се вклучуваме во боксот да обезбедиме пласман за учество на ЛОИ во Париз. Бобан не е дебитант во боксот, има учествувано на неколку професионални мечеви и во сите од нив победи, повеќето со нокаут. Тој настапи и на “Златниот гонг“ во 2016 година. По подолги размислувања,одлучивме комплетното искуство и подготвеност да го насочиме кон ново спортско натпреварување и да се обидеме да обезбедиме норма на Бобан Илиоски во бокс и можност за учество и освојување на олимписки медал во овој спорт”, изјави Дејан Митровски Урко, кој е тренер на Илиоски.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content