Најголем притисок, велат од битолската болница, се чувствува во Психијатриското одделение каде што покрај останатите проблеми, пациентите се соочуваат и со акутна деменција.
Имаме оптовареност на Психијатрија, но по оваа пандемија очекувано е да се појавот фобично-анксиозните состојби, паничните напади и слична патологија, која се јавува како последица на целокупната стостојба, но и пост-ковид состојби од аспект на психотични растројства и акутни дементни состојби – вели д-р Билјана Гагачовска, директорка на Клиничка болница Битола.
Таа, која инаку е специјалист психијатар, вели дека ова се очекувани последици.
Се соочивме со нешто што е непознато. Требаше да функционираме со нешто што не ни е по волја, потоа следуваше периодот на изолации, страв од смртта и постојаната оптовареност со бројки и црна хроника. Ова е очекувано и допрва ќе ни се случува, од аспект на психолошки и психички растројства – вели д-р Гагачовска.