Концертот е закажан на ракометното игралиште во Битола, а публиката ќе ужива во најголемите хитови во изведба на популарната Сузана Гавазова, Анета и групата Молика, Марјан Коцев, Стојне Николова, Благоја Грујовски, Ирена Спасовска, Дамјан Стојановски, Рамко Беслими, Ален Хасановиќ, Каан Мазахр и Зуица Лазова.
Познатата пејачка Зуица Лазова вели дека ова ќе биде одличен концерт.
Пееме во еден од најубавите градови во Македонија, верувам дека битолчани ќе уживаат и ќе се забавуваат на први септември. Ги покануваме сите што се во можност да дојдат на ракометното игралиште- вели Зуица.
Со нетрпение чекаме да дојде први септември. Собрани сме многу добра екипа и ветуваме дека ќе направиме одлична забава – накусо изјави славниот пејач Марјан Коцев.
Инаку станува збор за голем концерт со мултиетнички карактер, каде покрај многуте македонски фолк-ѕвезди ќе можеме да видиме изведувачи од другите етнички заеднци, како што се Ромите, Турците и Бошнаците.
Она што е важно да се напомене, а тоа е дека познатите изведувачи ќе имаат прилика да пеат на најсовремена опрема, голема бина и одлично осветлување, нешто што ретко се гледа кога станува збор за фолк-музиката.
Концертот ќе биде организиран според сите мерки за заштита од корона-вирусот!