Бидете внимателни со овие намирници

42

Истото важи и за здравата храна, со која ако претерате, може да се доведете до сериозни проблеми.

Затоа, на време откријте која храна не смее да ја консумирате над препорачаната количина:

 

Моркови

Звучи како мит, но е вистина – ако често и многу консумирате моркови, бета каротенот во нив може да предизвика пожолтување на кожата. За среќа, нема да имате посериозни последици.

Јаболка

Семките на јаболката, црешите, праските, сливите и кајсиите имаат минимални количини на киселина, со која ако често доаѓате во допир, може да почувствувате негативни симптоми како недостаток на воздух.

Бразилски орев

Богати се со селен, но ако претерате бразилските ореви може да доведат до кршливи нокти, губење на косата, невролошки проблеми и проблеми со срцето.

Мускатно оревче

Зачин кој се додава во апсолутно сè, но мора да се лимитирате на 20 грама дневно. Во спротивно, постои ризик да се соочите со губење на чувството за реалност, анксиозност, страв, халуцинации.

Горчливи бадеми

Бадемите се здрави, но повторно во умерени количини. Ако претерате со нив, ризикувате да ги нарушите киселините во стомакот, бидејќи содржат амигдалин. За децата критично е да консумираат над 10 парчиња, за возрасните критични се над 50 парчиња.

Зелени компири

Недозреаните компири може да предизвикаат симптоми како гадење, повраќање, дијареа и проблеми со срцето.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content