Беќаровски е врвен ПРОФЕСИОНАЛЕЦ, зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката

235

Вработените на Клиниката за токсикологија преку писмо застанаа во одбрана на својот колега Нико Беќаровски за кој претходно Министерството за здравство, предводено од Илир Демири, сподели изјава дека наводно навредувал Албанци. Вработените се уверени дека наводите од изјавата не се вистинити, а за познатиот доктор имаат да кажат сѐ најубаво.

„Ние, вработените од УК за токсикологија со редовен заснован работен однос на неопределено време, во целост ги демантираме наводите изнесени со изјава од 26.4.2024 година на групи лица без статус вработени на клиниката, а кои се однесуваат за наводно кажани навреди против Албанци од проф. д-р Нико Беќаровски.

Најостро реагираме и ги демантираме информациите изјавени во неколку медиуми од Министерство за здравство и сме должни на јавноста да ѝ појасниме дека какви било навреди или притисоци врз Албанци, а кои претходно беа ангажирани со договор за дело, не се упатени од страна на проф. д-р Нико Беќаровски.

Доктор Нико Беќаровски е врвен професиналец, кој повеќе од 10 години работи ургентна медицина и спасува човечки животи, без разлика на етничката припадност или припадност на политичка партии, па поврзувањето на неговото име со вакви невистини за политички цели е скандалозно и некоректно и поттикнува нетрпение на национална основа“, се навдува во потпишаната изјава.

Претходно, и доктор Беќаровски најави тужба до инволвираните лица и во целост ги отфрли тврдењата дека ги навредувал Албанците на национална основа.

На сето ова претходи што пред речиси еден месец на прес-конференција доктори од Клиниката за токсикологија објавија дека економската директорка Бесија Илјази не дозволува вработување на двајца дипломирани биолози и еден болничар. Наместо тоа, таа инсистира да се вработат осумнаесетмина, на кои им истекле договорите за дело, а меѓу нив има лица што немаат соодветно образование. Вработените тврдат дека Илјази, спротивно на решението на ДСЗИ, кое изречно забранува присуство на невработени лица на Клиниката, ги поттикнува да доаѓаат на работа сите оние на кои им е истечен договорот.

Нико Беќаровски тогаш рече дека едното од овие лица со истечени договори, кој работел како болничар, вршел притисок врз лаборант – барал урина во која имало наркотици да биде сменета со урина која е чиста, ама лаборантот не прифатил.

За образованието на Илјази лекарите не знаат ништо, ниту за познавањето јазици, со оглед на тоа што македонскиот не го зборува, а Беќаровски тогаш рече дека се обидел да комуницира со неа на англиски јазик. Заклучокот беше дека со неа немаат комуникација.

Министерот за здравство Илир Демири вчера го разреши медицинскиот директор на Токсикологија, Данил Петревски, наводно и тој, според министерот, ширел говор на омраза на етничка основа, а Илјази ја задржа на функцијата. Вработените и за обвинувањата за Петревски рекоа дека се невистинити, неосновани и недокажливи. Тврдат дека е чиста шпекулација, нарачана од поединци и реализирана преку новинар, кој во 2 часот по полноќ си дал право да упадне на клиниката.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content