Skip to content

Бесплатно патување со воз низ Европа за сите 18-годишници – одлична можност и за младите од Македонија!

103

Бесплатно патување со воз низ Европа за сите 18-годишници – одлична можност и за младите од Македонија!
Сите млади кои ќе наполнат 18 години во периодот од 1 јули 2006 до 30 јули 2007 година, имаат уникатна можност да аплицираат за бесплатен железнички билет низ цела Европа преку програмата „DiscoverEU“ на Европската Унија.

Оваа иницијатива е дел од програмата „Еразмус+“ и е отворена не само за жителите на Европската Унија, туку и за земјите кои се дел од оваа програма – меѓу кои е и Македонија! Аплицирањето е отворено до 16 април 2025 година.

Младите кои сакаат да учествуваат ќе треба да одговорат на пет прашања и едно дополнително, поврзани со општото познавање на ЕУ и причините поради кои сакаат да патуваат.

Што вклучува билетот?
Бесплатен возен билет во вредност до 283 евра, за патување во економска класа;

Можност за проширени трошоци за оние кои патуваат од оддалечени региони;

Вклучени автобуски и траектни карти, ако е потребно;

Билетот важи и за едно поаѓање и враќање во рамки на матичната земја;

Поддршка за млади со попреченост или здравствени проблеми.

Период за патување:
Од 1 јули 2025 до 30 септември 2026 година.

Покрај билетот, младите добиваат и едногодишна европска младинска картичка, која носи попусти за:

Културни настани, спорт и учење;

Превоз, сместување, храна и други услуги низ цела ЕУ.

За време на патувањето, секој учесник ќе стане амбасадор на „DiscoverEU“, објавувајќи фотографии и искуства на социјалните мрежи или организирајќи презентација во своето училиште.

По завршувањето на ваквото бесплатно патување со воз, сите учесници ќе добијат сертификат за учество, кој ќе ги потврди стекнатите компетенции и вештини.

За аплицирање и повеќе информации: https://youth.europa.eu/discovereu

Ова е идеална шанса младите од Македонија да запознаат нови култури, да патуваат, учат и создаваат пријателства низ цела Европа – бесплатно!

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио