Филмот во кој Маргот Роби ја глуми култната кукла, покрај одличниот прв викенд дома, заработи дополнителни 300 милиони долари во светски рамки.
Комбинираното издание на „Барби“ и „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан, наречено ‘Барбенхајмер“, стана сензација на поп културата – и она што би можело да ја оживее филмската индустрија која е во криза, според познавачите.
Филмот на Кристофер Нолан, „Опенхајмер“, за создавањето на атомската бомба ги надмина очекувањата и заработи 80.5 милиони долари во американските кина.
Битката за првото место на боксофисот на шега беше наречена ‘Барбенхајмер’. Американски медиуми објавуваа фотографии на Килијан и Маргот, алудирајќи на трката.
Податоците за заработка се значаен поттик за студијата и киносалите кои досега имаа разочарувачко лето. Продажбата на билети падна под нивото од минатата година и покрај повеќе филмови во кинеплексите. ‘Барбенхајмер’ треската со два долгоочекувани но сосема различни филма кои пристигнаа во исто време, предизвика големи гужви во киносалите.
„Барби“ е филм за кукла која се појави пред шеесет години, од перспектива на режисерката Грета Гервиг. Со заработка од 155 милиони долари во првата недела од прикажувањето, ја надмина онаа на „Супер Марио Брос“.
„Барби“, воедно, е и филм на жена режисер со најдоброто отворање досега.
Во драмата „Опенхајмер“, Килијан Марфи го глумамериканскиот физичар Џеј Роберт Опенхајмер кој ја создал атомската бомба. Филмот доби одлични критики и се очекува да биде номиниран за повеќе „Оскари“. Филмот заработи дополнителни 93.7 милиони долари на меѓународните пазари, со што вкупната вредност достигна 172.2 милиони долари, според дистрибутерот „Јуниверзал пикчрс“.