Банките, нотарите и извршителите од сервис стануваат милионери преку ноќ

208

Речиси и да нема документ за кој не треба нотарска заверка. Таму се подготвуваат документи за разни купопродажби, за закуп, се изготвуваат нотарски платни налози… Нотарските канцеларии секогаш се преполни, па неретко треба да се оди од една до друга за да се заврши некоја работа. А, во меѓувреме, касата кај нотарите постојано се полни.

Порталот Пари претходно пишуваше за заработките на извршителите, но анализата што ја направивме за најголемите приходи и добивки на нотарите покажува дека тие што се на самиот врв по заработките, лани дебело ги „прошишале“ извршителите.

Според анализата на порталот „Пари“ во соработка со Бизнисмрежа.Мк најголем приход направила нотарската канцеларија на Анета Петровска Алексова од Скопје, над 850.000 евра! Анастасија Петреска остварила најголема добивка (нето-приход) пред оданочување од безмалку 360.000 евра!

ВО 10 НОТАРСКИ КАНЦЕЛАРИИ ВЛЕГЛЕ 4,6 МИЛИОНИ ЕВРА!

Десетмината нотари кои имале најмногу или најголеми предмети, заедно оствариле промет од 4,6 милиони евра. Откако ги намириле своите трошоци – им останал нето-приход пред оданочување од околу 1,5 милиони евра.

„Пари“ ексклузивно ви го претставува списокот на десетте нотари со најголеми приходи и нивните добивки.

Анета Петровска Алексоска, Анастасија Петреска, Зафир Хаџи – Зафиров, Ана Брашнарска, Дејан Павловски, Агрон Аслани и Сашо Василевски не само што се во првите десет по приход, туку се и во првите десет по добивка, со импресивни заработки пред оданочување од 100.000 до 360.000 евра.

ЗА ШТО ЗЕМААТ ПАРИ НОТАРИТЕ?

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content