Ахмети ја кодоши власта кај Бугарите

122

Претседателот на Демократската унија за интеграција – Али Ахмети денеска во партиското седиште во Тетово го примил бугарскиот амбасадор во Скопје – Ангел Ангелов.

Соговорниците размениле мислења за Коридорот 8, патниот и железничкиот, уставните измени, клучните државни договори, Охридски, Преспански и добрососедството со Бугарија, евроинтеграциите, санкционирањето на изборниот легитимитет итн.

Ахмети истакнал дека ДУИ е државотворна партија, а непостоечките тврдења на премиерот Мицкоски за сценарија за дестабилизација од страна на ДУИ се невистинити и претставуваат намерни и опасни владини сценарија за обвинување други за дестабилизација за да се дефокусира јавноста од недостатокот на резултати и секојдневни владини скандали.

– ДУИ го има докажано својот придонес за стабилноста и безбедноста и се спротивставува на секој политички владин инсцениран обид за дестабилизација и ги повикува Албанците и другите да не потпаднат на провокациите на владата без етнички легитимитет. Ахмети потсети на ветувањето на поразените на изборите за уставни измени за 6 месеци и рече дека ДУИ останува посветена на евроинтеграциите – се вели во партиското соопштение.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content