Ахв уништи 620 килограми небезбедно месо, напишани се 14 казни

100

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информираше дека се уништени 620 килограми небезбедна храна од животинсо потекло. Инспекторите од АХВ направиле 191 вонреден инспекциски надзор во изминатите две недели врз месарници, месарници со работилници и други специјализирани продавници за храна од животинско потекло.

„За ставање во промет на брзо замрзната храна која не е означена, незадоволување на хигиенските барања, односно неимплементирани процедури на Добра хигиенска и Добра производствена пракса, нецелосна декларација на производите, продажба на производи кои не се одобрени, неспроведени задолжителни здравствени прегледи за вработените, неподнесена пријава до АХВ за престанок на работа на објектот, официјалните ветеринари издадоа 29 решенија за отстранување на утврдените недоследности.

Изречени се опомени на тројца оператори со храна, а 14 се парично казнети“, се вели во соопштението.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content