Mаркетите ќе мора да ги објавуваат цените на веб-страници

97

Измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачите се прифатени во Собранието и со тоа ланците маркети ќе мора да отворат свои веб-платформи на кои ќе ги прикажуваат актуелните цени на производите.

Пратениците од власта очекуваат поголема транспарентност на цените во маркетите, подобрена конкуретност и намалување на цените. Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека овој закон се носи во насока на заштита на стандардот на граѓаните.

Изненаден сум што на Комисијата за економски прашања немаше поднесено амандмани, иако некои од опозицијата го критикуваа овој закон дека нема да го даде резултатот што го очекуваат граѓаните. Се критикуваат законски решенија на Владата, но кога ќе дојде време за амандмани, не поднесуваат, рече Стојановски од собраниската говорница.

Тој додаде дека оваа мерка е застапена во европските земји и носи резултат со тоа што индиректно значително ги намалува цените.

Потрошувачите ќе ги споредуваат цените и со тоа ќе бидат подобро информирани за тоа кој производ колку чини кај кој трговец. Овој закон се однесува на мали, средни и големи трговци, со што е искучуваат микротрговците и трговците поединци.

Со овие измени исто така се дава овластување на инспекторите да извршат проверки доколку видат неусогласеност на цените.

Ваков закон за заштита на потрошувачи минатата недела беше донесен и во Хрватска, според кој трговците во Хрватска ќе бидат обврзани редовно да ги објавуваат и ажурираат цените на сите нивни производи на нивните веб-страници.

FacebookTwitter

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content