Андоновски на средба со Претседателот на Националниот Совет за сајбер безбедност на ОАЕ

104

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски оствари билатерална средба со Н.Е., д-р Мохамед Хамад Ал Куваити, раководител на сајбер безбедноста за Владата на Обединетите Арапски Емирати и претседател на Советот за сајбер безбедност на ОАЕ.

Соговорниците разговараа за заштита во областа на сајбер безбедноста, меѓународната соработка во справувањето со хибридни напади и сајбер закани.

Ал Куваити е познат по тоа што ја доведе ОАЕ во првите 5 најзаштитени земји од сајбер напади. Д-р Ал Куваити води и бројни иницијативи кои донесоа Гинисови рекорди за подигање на свеста за сајбер безбедноста и организирање на најголеми сајбер безбедносни вежби, со што значително ја зголеми отпорноста на нацијата во сајбер просторот.

-Голем придонес имаат разговорите со луѓето како господинот ал Куваити, со кои разговараме за правците и насоките за тоа како да ја подобриме заштитата од вакви напади, истакна Андоновски.

-Драго ми е што во напредна фаза е и Меморандумот за меѓувладина соработка во оваа област, кој се надевам дека ќе го потпишеме скоро. Со тоа ќе ја детерминираме нашата соработка во целиот натамошен период, заклучи Андоновски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content