Анализа: Грда хронологија на некрофилската СДСМ навика за бескруполозна злоупотреба на човечки трагедии
КОЈ Е СЛЕДЕН? Да, добро прашање.
КОЈ Е СЛЕДЕН син на ФУНКЦИОНЕР НА СДС кој ќе стане пратеник, директор, министер?
КОЈ Е СЛЕДЕН екс функционер на СДС кој ќе се најде зад решетки за крадење на државата?
КОЈ Е СЛЕДЕН нивни пратеник или директор кого ќе го фатат како ШМРКА КОКАИН?
КОЈ Е СЛЕДЕН политичар кој ќе се изнедри од редовите на КОЈ Е СЛЕДЕН?
Веќе видена некрофилија или социјалдемократско дежа ви. Ова е најкусиот опис на актуелното дејствување на СДСМ, кои по којзнае кој пат во политикантската кариера се обидуваат крајно мизантропски, мизерно и бедно да поентираат врз нечија тажна судбина. Дегутантна навика која, за жал и на очиглед на македонската јавност, во моментот се случува со злоупотребата на трагичната смрт на 59-те душички кои настрадаа во кочанската мега-трагедија. Претходно, се обидоа истото да го сторат со таргедијата со младата Фросина Кулакова (неуспешно), а претходно со Малата Тамара, со Мартин Нешковски, со терористите од Диво Насеље кои ги правеа невини, со сообраќајката на Никола Младенов, со лагите за монструмите од Смиљковско. Многу извитоперувања, манипулации и лаги.
СТРВИНАРИ кои никаде ги немаше кога СДСМ/ДУИ беа на власт. Тогаш, ни збор ни протест за 14-те жртви во Модуларната во Тетово, за 45-те загинати во нелиценциран авотобус кај БУГАРСКА Струма, ни реч за 15-те загинати во автобусот кај Ласкарци. Но таму, немаше потреба за „галама“ и политички поени. Та, тие беа на власт, нели?
Како поинаку да го толкувате „спонтаниот“ протест кој беше осуден на пропаст, а кој така „наеднаш“ никна во протест со неколку илјади на него?! Протест, чија позадина така аматерски и дилетантски ја разоткри ликот кој огласи крај на протестот. Мегафонот на синот на Владо Бучковски.
Истото беше пред неколку месеци со протестот за Фрозина пред Влада. Протест кој го прекина семејството Кулакови, кои јасно побараа прекин на злоупотребата на трагичната судба на сопственото, прекрасно чедо…
Прашањето е, кој и зошто би протестирал пред Влада кога за неколку дена над ТРИЕСЕТ ОСОМНИЧЕНИ се најдоа ЗАД РЕШЕТКИ???
Кој друг, ако не некрофилските хушкачи од СДС и Левица, кои како бедни лешинари како едвај да чекаат вакви судбини за да нечовечки, полни со омраза се нафрлат врз своите политички опоненти кои поинаку на секое можно поле народски кажано буквално ги „мачкаат на леб“ и се супериорни во дејствувањето, настапот, ставот, економските, државните и национални политики?
Не верувате дека некој може да оди толку ниско, не сакате ни да помислите дека „дното има подрум“ и дека адресата на визбата е лоцирана на Бихаќка? Може ли некој да биде толку бесчуствителен и мизерен?
За жал на Македонија и македонската јавност, може. И тоа како. Емпириски докажано, во пракса…
Ајде, да се потсетиме, за сите оние „Неверни Томи“, кои се уште се надеваат дека во оваа мизантропска, шарена партија има останата макар и трунка човештина, наспрема голиот интерес, опортунизам и бескруплозност која таму владее со децении.
Минатиот пат, кога како и сега беа во заслужена опозиција, во која и требаше да останат да не беше местенката од 27-ми април, СДС имаше ТРИ СТОЛБА на нивната „програма“ за враќање на власт. Три крајно опортунистички и бескруполозно злоупотребени човечки трагедии, кои по бедната логика на „повторувањето е мајка на знаењето“, крволочно како расипани плочи катадневно ги потенцираа и повторуваа.
Трагичните животни приказни на МАЛАТА ТАМАРА, МАРТИН НЕШКОВСКИ и НИКОЛА МЛАДЕНОВ. Тажни приказни врз кои нечовечните мизантропи од Бихаќка направија „кариера“, влечејќи ги нивните имиња по протести, дебати, митинзи, „колумни“, медиуми, портали. Три случаи кои остануваат црно петно на партијата која деновиве ита кон итна пасокизација и политичка пензија. И пак, за да не дојдат до повикување на Чом да им го изгаси светлото, повторно, по лоша навика, користа нечија зла коб и трагична судбина.
За волја на вистината, ТРИТЕ случаи кои СДС ги злоупотребуваше со години, беа ставени во нивни превртен и извртен колосек и станаа класична ука подобна за изучување на факултетите – како ултра-јасен пример за лажна вест и злоупотреба на нечија судбина, изместен наратив за некрофилско каљање на доминантниот противник, најниска форма на бизарно и крајно мизерно политканство.
Вистината е нешто со што СДС треба да се срами за век и веков. Секако, доколку имаа срам. Сите три случаи кои тие така бескруполозно ги извитоперија беа сосема поинакви. Реално, малата Тамара испадна дека е жртва на сулудите апетити на бизнис ориентираната мајка, грд факт кој го изнедри истрагата. Убиецот на Мартина Нешковски беше законски процесиран, уапсен, суден и осуден. А, токму Зев беше оној кој се поздравуваше со него в затвор. Несреќата на Никола Младенов беше и остана трагичен несреќен случај. Фактите се јасни, а пред нив, велат, и Боговите молчат. Само СДС ги извитоперуваат, без срам и перде.
Сетете се и на лагите за „невините“ убијци од „Монструм“ кои убија невини деца и за уште поневините терористи од Диво Насеље кои ни убија 8 бранители, за монструозните лаги со кои се служеа Заев и антимакедонската банда за да дојдат на власт. Работи кои, за жал, ги има толку многу што дел и ги забораваме.
Контра нив, лешинарите од Бихаќка и нивните партиски испостави во НВО бандата не мрдна со прст при смртта на 14 луѓе кои живи изгореа во тетовската модуларна болница, 45-те души кои згаснаа во нелиценцираниот автобус во Бугарија, за Ласкарци и дузина други трагедии од времето на нивното владеење. Двојни аршини и крајно безобразие, со терање на водата кон сопствената, забегана политичка воденица.
Затоа, нека не не’ изненадува новиот “творечки немир“ не хиените од партијата која во недостиг на вистинска инспирација и идеи, шклопоција на „гурање“ преполна со неработници и сеирџии, сега повторно сака да пренасочи, злоупотреби и искористи во своја полза нечија трагична судбина. Велат, старите кучиња не можат да научат нови трикови. Истото, за жал, го гледаме и кај СДС со обидот за пренасочување на револтот во најновиот случај кој видно ја вознемири и потресемакедонската јавност, повеќе од трагичната судбина во кој згасна животот на еден млад, полетен и талентиран млад човек.
Играњето со човечките емоции и ваквиот стил на дејствување е доминантна карактеристика на неолибералните групации, партии и организации. Новокомпонирани пи-ар ќелепури, забрчанци и макијавелисти.
Веќе видено насекаде низ светот, но и нешто што на македонски астал лично веќе го искусивме со т.н. Шарена револуција, која беше само шарена дееволуција, бедотија која од државата направи протекторат, а од учесниците мајмуни. А, да се потестиме, СДС одамна нема ниту абер од социјалдемократија во себе. Партијата повеќе од деценија е заложник на Заевите муртински и малограѓански бизнис аспирации и комплекси, искомбинирана со доминантна сопственост на Сорос, луциден хохштаплер кој сега и јавно со свои пулени ги пополни највисоките функции на Бихаќка. А во Канвас школите на соросоидните субверзивни пиони, злоупотребата на граѓанскиот гнев и револт е основа на постоењето. Екипа која во таа средина плива како риба во вода, крволочно и сеирџиски прихранувајќи и насочувајќи го граѓанскиот бес и револт, користејќи како погодни алатки тажни настани кои ним им одговараат во наративот.
Па, макар, против тоа децидно било и семејството на починатата. Макар, против истото да било мнозинството граѓани на оваа напатена земја. Ним им се битни оние дестина замаени, екс УСАИД со долари нацицани и заблудени изгубени душички кои ќе им се приклонат, ќелепури „избркани од дома“ во поход по шанса да направат нешто со себе и промашените им кариери и животи, во некаков нов обид за реинкарнација на ступидната новокомпонирана шарена дееволуција, задоени со лажен порив за некакви „промени“, влегувајќи во колосекот на редицата корисни идиоти кои треба да дадат свој придонес во невозможната мисија на враќање на власт на партијата која е изгубена во вселената. Мисија, на која не би се нафатил ниту Том Круз…
Сепак, се надеваме дека ова е нова статива на СДС. Уште едно од низата промашувања на самобендисаната некрофилска партија, која постојано ја потценува интелигенцијата на сопствениот народ. Условите се променти, научивме многу работи, а ова се стари, изветвени финти на неинвентивните кулинари од Бихаќка, кои по кој знае кој пат се обидуваат да ги протурат своите бајати повраќаници и сплачини и да ги продадат како кулинарско откровение и невидена посластица и специјалитет.
Не минува веќе ни она „стара финта, нова будала“, овој народ е паталец и јасно гледа дека оваа власт, за промена, се грижи за него и неговите интереси. Итната истрага и притвор за 30-на осомничени во кочанската таргедија, контроли по сите објекти и институции, исправањето на децениската негрижа на Власт која е само 9 месеци таму, соочена со утната економија, систем и наслеееден хаос на секое поле. Исто беше и со таргедијата со Фросина – итна реакација на полицијата, започната измена на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата со заострување на казните и санкциите за прекршителите, илјадниците секојдневни казни, мината казна која за убиецот стана затворска – а не во поправен дом како во време на СДС (со која ќе беше в затвор и немаше ни да се случи трагедијата), како и реакциите на освестената јавност кажуваат се’.
Затоа, мнозинството се се надева дека никој нема да падне на вашите забегани, приземни обиди за нова злоупотреба на нечија судбина и добивање евтини политички поени темелени врз смртта на невини душички. Подалеку со валканите, опортунистички раце од она што за некого е свето.
А, ако веќе протестирате, протестирајте против себе, против ајварџијата, марихуанџија и трчи-лажи премиер Заев и неговото распупено судство, против вашите Катица Јанева (која ја носевте на маички!), Кацарска и Вилма, против неуставната промена на името, бунтувајте се против неезаконското затворање на патриотите од 27-ми април, притив вашата судијка од Талир 2 која го ослободила убиецот на Фросина, против вашите инструирани и неспособни обвинители, бунете се што го руиниравте и тотално девастиравте системот за да СДС и ДУИ функционерите можат на раат да крадат ко да не виделе, што не мрднаа со години за ниедна трагедија во време на Заевци/Тачевци, што не го пипнаа „сејф сити“ системот кој во мираз им го оставија Коце и претходната влада. Лутете се на себе за непромисленоста (исти фаци од шарената пак на сцена), а народот, тој ви е одамна веќе лут, ифрит, за шарената дееволуција, за октроираната влада, за продажбата на историјата, за се’ што придонесе за девастацијата на системот кој не доведе до ова бедно дереџе.
Е, сега истите тие уривачи на системот и октроирани политиканти ќе се борат да го оправат ситемот кој самите го урнаа? Да, неизбежна е сликата не педофил во градинка, најблиска споредба со ликот и неделото на антисистемските хохштаплери кои сега ќе го поправаат урнатото од нив самите.
Лутете се на наметната полтронска состојба на умот, навикнат на рушвет, мито и корупција како на „добар ден“, менталитет кој го создадоа Заевци, транзициски Бранковци и нивната новинарско-аналитичарска свита.
Да се лутиме сите на себе, но да ја оставием власта во последниот обид да го врати системот. Не одмагајте, ако веќе не помагате. Ова се денови на ЌЕ НЕ БИДЕ ИЛИ НЕ…
Неспорно е дека одговорност мора и треба да има, но не ли ги загрижува, барем малку, фактот што со планираните протести и слични изливи на бес ќе учествуваат во пролонгирањето на доаѓањето до истата таа одговорност? Можеби и некому тоа и му е целта, многумина се засегнати со истрагите за работата во минатите години. Или, демек, со притисок, ќе ги натераат властите да го направат тоа побргу? Од друга страна, во брзина се греши, знаеме. Но забораваат ли дека за првпат во историјата некој се осмели да се справи со македонскиот раскрилен до небеса криминално-коруптивен октопод? Дека реакцијата, за промена, беше молскавична, во притвор се и вмровци, сдсмовци, дуевисти и кој веќе не? Дека сефте во македонската историја од независнота навака нема ваши, наши, какви и да се повластени, заштитени мечки?
Случајноста во политиката и општествениот живот се дефинира како момент кога, едноставно, не се гледаат конците кои ги придвижуат марионетите на сцената. Така и во Македонија, каде многу одамна, никој веќе не верува во „случајности“. Исто, како што никој не верува дека протест однапред осуден на катастрофа така случајно може да се „прероди“ во протест со солидна посетеност. Она, кога знаете дека атмосферата за такво нешто е „нула“, а истата така волшебно минува со некаква просечна оценка.
И, друго, не изумувајте, последните месеци стотици наапани граЏани станаа „бездомни“ и безработни поради Трамп и укинувањето на УСАИД. Стотици изгубени шарени душички кои со децении лапкаа илјадници долари, а сега се во потрага по нов стопан. А како до него, ако не те видат на протест? Башка многу револтирани. Не поради трагедијата, ним им е потрагично што сега ќе треба да работат, ама вистински…
И размислете, кому не му одговара реанимација на системот? Кому не му штима вистинско судство/обвинителство и правна држава? Кој има товар и минат труд за кој треба да одговара пред истите тие органи?
Затоа, не е на одмет да повториме и прашаме:
КОЈ Е СЛЕДЕН син на ФУНКЦИОНЕР НА СДС кој ќе стане пратеник, директор, министер?
КОЈ Е СЛЕДЕН екс функционер на СДС кој ќе се најде зад решетки за крадење на државата?
КОЈ Е СЛЕДЕН нивни пратеник или директор кого ќе го фатат како ШМРКА КОКАИН?
КОЈ Е СЛЕДЕН политичар кој ќе се изнедри од редовите на КОЈ Е СЛЕДЕН?
Тие се тие, истите. И така, 34-та година по ред…
Крајно време, да се прекине низата…