Во случајот со пожарот во дискотеката во Кочани, во кој животите ги загубија 59 лица, а 200 беа повредени, 27-те осомничени се товарат за „Тешки дела против општата безбедност“. Во последните 10 години скопскиот Кривичен суд, кој е најголемиот суд во државата, донел пресуди за вкупно 105 лица, против кои се воделе судски процеси, исто така, за кривично дело „Тешки дела против општата безбедност“. Иако ниеден став од член 292 од Кривичниот закон не предвидува условна затворска казна за „Тешки дела против општата безбедност“, судиите во периодот 2015-2025 година го осудувале секое второ лице на условна затворска казна! Од обвинителството најавуваат дека обвинетите за кочанската трагедија ќе бидат осудени на затворска казна до 20 години. Но досегашната практика покажува дека судиите се воздржувале додека одлучувале при одлучувањето за висината на казната за ова кривично дело, иако случајот со трагедијата во Кочани не може да се споредува со ниеден друг случај. Ова го објави ТВ Алсат во анализата со наслов „За кривичното дело ‘Тешки дела против општата безбедност’ доминираат условните казни“.
Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Претходна вест
Може ќе Ви се допадне