Писмо од читател, го пренесуваме во целост:
Здраво Банкометар,
Имам еден проблем и не знам каде да го кажам, па ве следам и решив тука да прашам.
Пред две недели, заклучив договор да купам стан во Скопје, но ми недостигаа 5000 евра. Заради тоа се одбратив до мој роднина од Швајцарија, да ми прати 5000 евра на сметка во банка. Роднината живее во Австрија и се согласи да пушти пари. Му дадов сметка од НЛБ каде имам девизна сметка. Парите кога дојдоа и отидов да ги кренам, ми исплатија 4.950 евра. Ми задржаа 50 евра само зошто парите стигнале тука. И ми рекоа не беа одлежани, морале да одлежат над 5 дена. Јас не знам што значи тоа да одлежат, дали после 5 дена нешто ќе се смени??? Но јас морав поради договорот да ги извадам одма и да платам за станот за да можам да го префлам, и морав да платам. Исто ќе ми беше да ми пратеше и со Вестерн унион. Не знам по кој закон и како е ова можно, но само ви кажувам што се случи, и дали е ова нормално да ти земат толку пари за трансфер на пари?
Поздрав
Музафер Х.
Извор: Банкометар