АД МЕПСО: Финансиски средства се распределеувале без соодветни критериуми

136

Новиот менаџерски тим на АД МЕПСО ги презема сите неопходни дејствија за утврдување на сите евентуални неправилности во работењето на претходното раководство. Што се однесува до начинот на кој се донирале средства од буџетот на АД МЕПСО, затекнавме ситуација дека истите се распределувале без соодветни критериуми, информираат преку соопштение од АД МЕПСО.

Па така претходното раководство на компанијата во последните месеци од функцијата “успеало” финансиската програма за оваа година за оваа намена да ја пречекори за околу 10 милиони денари. Ова е една од повеќето причини зошто побаравме сеопфатна ревизија. Јавноста има право да знае како се трошеле средствата од сите буџетски програми, но апелираме на трпение додека надлежните институции постапуваат.

Уверуваме дека новиот менаџмент ќе практикува транспарентност и отчетност во сите сегменти на работењето на АД МЕПСО, стои во соопштението на компанијата.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content