СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Агенцијата за туризам почна eко кампања за дестинации без отпад

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот почнува eко кампања за дестинации без отпад која ќе трае до 1 ноември. Преку социјалните медиуми фејсбук и инстаграм профилите на АППТ ќе бидат промовирани 30 дестинации под хаштазите #ЧистоКакоДома #PastërSiNëShtëpi.

Во првата фаза за подигање на еколошката свест за чиста животната ќе се промовираат слоганите:

-Дестинација која не е погодна за одгледување пластика на плажите!

-Искорнете го ѓубрето, не вреди да се гази!

-На улици не се сее ѓубре, засади дрво за град кој диши!

Во втората фаза од еко кампањата влијателни луѓе од јавниот живот преку кратки видеа од одредена дестинација, со своите позитивни примери ќе допрат до граѓаните. Во третата фаза вработените во секторите на АППТ во соработка со локалната самоуправа и граѓаните со индивидуални акции ќе ги пошумуваат опожарените туристички локации во Македонија.

 „Ги повикувам сите заинтересирани институции, туристички работници и еколошко свесни граѓани да ја споделат иницијативата за промовирање на дестинации без отпад. Ајде сите заедно да ја смениме перцепцијата за нашата држава, да биде препознаена од странските туристи како чиста и еколошки одржлива дестинација. Странските туристи не се главните загадувачи на дестинациите кои ги посетуваат, мораме да си признаеме дека отпадот не е донесен од друга планета”, изјави директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content