Агелер: Доказите за Груби и Беџети се достапни, институциите да постапат

102

Доказите за влијанијата на поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелациониот судија Енвер Беџети се достапни и се очекува македонските институции да преземат мерки, изјави на 10 декември американската амбасадорка Анџела Агелер на прес конференција во американската амбасада во Скопје.

Таа посочи дека ставањето на поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети на „црната листа“ на САД е за да се повикаат на одговорност оние поединци чии криминални дејности ги поткопуваат безбедноста, стабилноста и вредностите на управување.

Не мора да ние да им даваме докази или информации на тукашните институции. Доказите се достапни. Ако ние можеме да ги најдеме, можат и македонските институции“, изјави Агелер.

Таа не соопшти детали околу тоа што точно откриле американските истражители за дејствата кои ги презеле Груби или Беџети. Според соопштението на Стејт Департментот, тие примиле мито за да влијаат врз судските процеси поврзани со кривичната пресуда на екс директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.

Агелер синоќа го информирала премиерот Христијан Мицкоски, кога беше објавена одлуката, а разговарале и утрово на оваа тема. На новинарското прашање за коментарите на Мицкоски околку тоа дека домашни политички актери подготвуваат дестабилизација на државата, Агелер нагласи дека не сака да верува оти некој е способен да ја дестабилизира сопствената држава.

Во однос на „црната листа“, Агелер посочи дека таа не затворена и дека очекува на неа да се најдат и други имиња, кои не се само политичари.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content