Џудо клубот СЕИШИН се закити со нови 12 кандидат мајстор и мајсторски појаси

64

Полагањето беше спроведено од страна на тричлена ДАН комисија во состав:

  1. Ѓуро Илиќ 6 дан,
  2. Дејан Мицкоски 4 дан,
  3. Драган Шеќероски 4 дан.

На испитот за полагање ЏК Сеишин Прилеп настапи со вкупно 12  кандидати кои успешно го положија испитот за соодветниот појас, односно 6 членови на клубот положија за 1 кју кафеав појас (кандидат мајстор) и 6 членови положија за 1 Дан црн мајсторски појас.

Потоа од страна на комисијата уште неколку стручни кадри беа одликувани-промовирани во повисоки дан појаси.

Полагањето он лајн го следеше и Претседателот на Дан колегиумот во Србија, Славко Обадов, 9 дан кој на крајот се обрати пред присутните и ја поздрави работата на комисијата што во последниот период е подигната на повисоко ниво и македонското џудо се движи во сигурен правец во делот од стручното оспособување на своите кадри.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content