Спорт
ЏК СЕИШИН Прилеп на Меѓународен турнир во Џудо во Србија
На 05.06.2022 во Велико Градиште Србија се одржа Меѓународен Турнир во Џудо "Куп Сребрено Језеро".

На овој турнир единствен претставник од Македонија беше Џк Сеишин Прилеп кој зеде учество со 7 натпреварувачи при што освоени се 4 медали ( 3 сребрени и 1 бронзен).
Резултати поединечно:
1. Борис Џагадуроски 2 ро место,
2. Теодора Димеска 2 ро место,
3. Магдалена Најдоска 2 ро место,
4. Димитри Џокоски 3 то место.
Останатите три натпреварувачи Немања Џагадуроски, Тамара и Теодора Илиоски прикажаа одлични борби со по една остварена победа во осмина и четврт финале не успеаја да изборат место на пиедесталот!!!
Џудо клубот Сеишин Прилеп е задоволен со оствареното и во наредниот период продолжува со подготовки за преостанатите меѓународни натпревари до крајот на првата полусезона!!!!