ЏК СЕИШИН и ИПА-регион Прилеп засадија 2.000 садници кај манастирот Св. Петка во с. Лениште

30

Денес на 27.03.2022 Џудо клуб СЕИШИН од Прилеп и ИПА ( Интернационална полициска асоцијација – регион Прилеп) одржаа масовно пошумување околу манастирот св.Петка во с. Лениште – прилепско. Засадени се околу 2.000 садници. Во оваа кција учествуваа околу 100 учесници.

„Во акцијата се засадија багреми, а засадувањето е без посебен повод, се со цел да се обнови шумата во прилепскиот регион и да се збогати шумскиот фонд. Ваквите акции за пошумување во иднина ќе продолжат. Џудо клуб СЕИШИН сите предизвици за вакви акции ги прифаќа“, велат организаторите.

Исто така се потпиша и меморандум за соработка помеѓу Џудо клуб СЕИШИН и ИПА – регион Прилеп.

 

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content