Џафери одлучи францускиот предлог да оди на пленарна седница

6

Засега нема датум за нејзино одржување, а пратениците на Левица и претходно реагираа дека без францускиот предлог ќе се најде на пленарна седница, без разгледување на надлежните комисии, што го сметаа за противделовнички.

„Согласно Деловникот на Собранието претседателот ја доставува Информацијата до пратениците во форма во која што е добиена и нема надлежност да навлегува во нејзината содржина. Во исто време нема деловничка одредба која што му овозможува на Претседателот да ја врати информацијата до предлагачот. Според процедурата, Информацијата која што е на дневен ред на пленарна седница се усвојува со донесување на Заклучоци по однос на Информацијата“, велат од Собранието.

Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ дека не може Собранието да разгледува само еден лист хартија, колку што било доставено од Владата, ќе биде пренесена до владините претставници.

„ Претставникот на Владата Бојан Маричиќ одговори дека ќе ги пренесе ставовите на опозицијата и информациите од Координација до Влада за потребата да се дополни Информацијата со материјалите кои што се јавно достапни за целата јавност, а во Информацијата се наведени како референца“, додава Собранието.

На денешната редовна координација свикана од претседателот на Собранието, Талат Џафери, присуствуваа потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, координаторите на пратеничките групи на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Мицевски; на СДСМ, Јован Митревски; на ДУИ, Арбер Адеми и на Алијанса на Албанците, Илире Даути, како и претставниците на политичките партии БЕСА, Алтернатива и Левица.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content