СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

ЦУК: Пожарот кај Дебреште е локализиран, но се уште е активен

Регионалниот Центар за управување со кризи – Битола, известува дека противпожарните тимови, што се на терен од утрово, информирале дека не се забележува активност на пожарот што вчера избувна во село Дебреште и се прошири кон село Кошино.

Конкретно, утрово, заради контрола и превентивно дејствување, биле испратени осум пожарникари со две противпожарни (ПП) возила и четири вработени во подружницата на ЈП „Национални шуми“ од Прилеп, на местото на пожарот, се вели во соопштението од ЦУК.

-ТППЕ Прилеп од 15:45 часот на ден 14.08.2023 година интервенира на пожар на запалена сува трева и нискостеблеста деградирана шума во атарот на с.Дебреште и с.Кошино (ЕЛС Долнени) во гаснењето на пожарот интервенирано е со 4 пожарникари со 1 ПП возило, 5 лица од ЈП Национални шуми и 10 жители на селото. Поради брзото ширење на пожарот интервенирано е и со 3 авиони на ДЗС кои направиле по 2 прелети. Зафатена е површина од околу 20 ха. Пожарот е се уште активен – стои во соопштението.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content