СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Џудо клубот СЕИШИН се закити со нови 12 кандидат мајстор и мајсторски појаси

На ден 15.05.2022 во организација на ЏФСМ и техничка организација на ЏК Пелистер Битола се одржа полагање за 1 Кју (кафен) и за црни од 1-5 дан појаси.

Полагањето беше спроведено од страна на тричлена ДАН комисија во состав:

  1. Ѓуро Илиќ 6 дан,
  2. Дејан Мицкоски 4 дан,
  3. Драган Шеќероски 4 дан.

На испитот за полагање ЏК Сеишин Прилеп настапи со вкупно 12  кандидати кои успешно го положија испитот за соодветниот појас, односно 6 членови на клубот положија за 1 кју кафеав појас (кандидат мајстор) и 6 членови положија за 1 Дан црн мајсторски појас.

Потоа од страна на комисијата уште неколку стручни кадри беа одликувани-промовирани во повисоки дан појаси.

Полагањето он лајн го следеше и Претседателот на Дан колегиумот во Србија, Славко Обадов, 9 дан кој на крајот се обрати пред присутните и ја поздрави работата на комисијата што во последниот период е подигната на повисоко ниво и македонското џудо се движи во сигурен правец во делот од стручното оспособување на своите кадри.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content