Ќе се “ловат” уништувачите на липите во Прилеп

186

Локалната Самоуправа на Општина Прилеп апелира до сите граѓани да не вршат сечење, кршење на гранки и кастрење на липите кои се на јавна површина и врз кои се врши нестручна берба на липовиот цвет .

-Уништувањето на јавното зеленило во градот е казниво по закон.

За заштита на липите, во овој временски период, надлежниот Инспекторат при Општина Прилеп заедно со Полицијата ќе бидат на терен и ќе ги санкционираат сите оние кои ќе бидат затекнати на лице место – велат од општината.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content