Ќе се амнестираат 1.200 лица

47

Предлогот, вели министерот за правда Никола Тупанчески во вечерашното издание на „360 степени“, дошол од Основниот кривичен суд од Скопје а тие го прифатиле. Решението е спремно за гласање во Собранието.

Според анализите на владиниот ресор, амнестијата ќе ослободи над 1 200 лица.

-Ја прифативме идејата на Кривичниот суд – Скопје зашто ни се виде како идеја која може да помогне. Тука не станува збор за лица кои извршиле кривични дела кои, пак, според својата персонална анамнеза претставува криминалци во вистинска смисла на зборот.

Тоа се лица кои ги прекршиле ковид-мерките и нашиот кривичен законик предвидува, најчесто беа парични казни. Зборуваме за повеќе од 1 200 луѓе на кои, практично ако не ја платат паричната казна, за кратко време паричната ќе им се трансформира во затворска казна.

Оваа идеја на Кривичниот суд, бидејќи предлог-законот е готов, е во собраниска процедура. Мораме да бидеме брзи зашто ако навреме не го донесеме законот тогаш задоцнето ќе биде неговото носење, изјави министерот за правда во гостувањето на „360 Степени“.

Прашан, што со оние што си ги платија казните, министерот за правда Никола Тупанчески вели „може да се размислува“, но не спомена дека е можно да им бидат вратени парите.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content