СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Ќе светне и просторот зад касарната

По една недела од чистењето на дивата депонија зад касарната се чини како да нема крај колку отпад несовесните граѓани исфрлиле на оваа локација.

Досега се исчистени, транспортирани и депонирани во депонијата Алинци над 500м3 отпад. Се планира од оваа депонија да се исчистат уште над 300м3отпад.

Депонијата се простираше од почетокот на касарната, токму каде завршува улицата ,, Ердован Шабаноски’’, па по целата површина околу бодликавата жица, кружно до патот за вештачкото езеро.

Ставот на градоначалникот Борче Јовчески и директорот на јавното претпријатие Рубинчо Абрашоски, е без оглед колку ќе чини, и колку време ќе одземе од другите планирани активности да се исчистат сите поголеми и помали диви депонии околу градов.

Остануваат за чистење 10 помали диви депонии и две големи диви депонии, исто со по над 1000 м3 отпад. Едната е по патот за вештачкото езеро од левата страна, односно колскиот пат кој води кон светски познатата карпа Скаменета баба, каде преку целата година доаѓаат странски туристи кои вежбаат болдеринг, а кои изминативе години редовно постираат кратки видеа на кои се истакнува негрижата за зачувувањето на околината. Воедно, ќе се чисти и дивата депонија со локација пред Градските гробишта.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content