Ќе поевтинат тестенините и доматно пире, пониска цена за млечните производи се чека следната недела

6

Граѓаните веќе може да очекуваат пониски цени на тестенините и доматното пире оти Владата донесе олеснувања за нив. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи за следната недела најави нова листа продукти со пониски цени.

„Донесена е одлука за намалување на царинските давачки за тестенините и доматното пире кои треба да придонесат за намалување на цените. Се прават анализи за млеко и млечните производи. Следната недела ќе биде објавена нова листа на продукти со нови мерки“, рече вицепремиерот Битиќи.

Тој не кажа дали и на производите кои ќе се најдат на новата листа со пониски цени ќе им бидат замрзнати цените или на друг начин ќе се влијае на цената, но нагласи дека намалувањето на цената не значи дека компаниите треба да се откажат целосно од профитот.

„Замрзнувањето на цени не значи дека компаниите не генерираат профит, туку нивниот профит е помал и тоа на сите треба да им е јасно. Дури и со замрзната цена на лебот од 33 денари има маржа на добивка која што е профит за компанијата, но тој не е онолку колку што тие би очекувале. Во кризен период сите губат нешто, но и сите добиваат, а добиваат тоа што граѓаните ќе бидат задоволни и помалку ќе ја осетат кризата“, рече Битиќи.

Тој смета дека во пазарната економија не е дозволено неморално и неетичко однесување како она на компаниите од пекарската индустрија кои по замрзнувањето на цената на лебот на 33 денари ја повикуваа Владата да ја повлече одлуката, а самите не ја намалија цената на лебот во размер на субвеницјата за струја што ја добија од државата.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content