Ќерката на Џафери избрана во Надзорниот одбор за парното во Скопје

110

Од АД ЕСМ велат дека Бесијана Џафери Беќири, ќерката на претседателот на Собранието Талат Џафери, е избрана во Надзорниот одбор на компанијата за снабдување со топлинска енергија, едно од трите новофирирани друштва регистрирани деновиве со кои државните електрани ќе конкурираат за обезбедување парно греење за Скопје.

„Во текот на изминатата грејна сезона вклучена беше во работни задачи при процесот на менаџирање на БЕГ од страна на АД ЕСМ,  задачи кои ги изврши на највисоко професионално ниво, како впрочем и сите други споменати вработени“, додаваат од ЕСМ.

ЕСМ беше задолжена од владата да формира три друштва за производство, снабдување и дистрибуција на топлинска енергија со цел да учествува на јавниот оглас за преземање на парното од БЕГ, на која Регулаторната комисија за енергетика ѝ ги одзеде лиценците.

Во надзорните одбори се назначени: едно стручно лице од областа на енергетиката и топлинското снабдување, еден правник и еден економист. Од компанијата појаснуваат дека сите лица се вработени во АД ЕСМ со редовни работни задачи, додека обврските во новите друштва им се доделени како дополнителна работна обврска.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content