Јасна Котеска понуди 500 евра за одбраната на Ламбе
Универзитетската професорка Јасна Котеска понуди 500 евра за легална одбрана на пејачот Ламбе Алабаковски, против кого вечерва беше поднесено обвинение за предизвикување општа опасност.

Најсериозно, до секој адвокат/и на Ламбе пишете ми на [email protected] со валидна лиценца за негова одбрана и вашата сметка, веднаш ќе уплатам 500 евра за одбрана на Ламбе.
Ве молам само валидни адвокати и нивните сметки.
Уплатата ќе биде веднаш, порача Котеска преку „Твитер“.
На нејзиниот повик се одзва адвокатот Сашко Дукоски, кој ги одби парите и се понуди про боно да го застапува пејачот.
Најсериозно, до секој адвокат/и на Ламбе пишете ми на [email protected] со валидна лиценца за негова одбрана и вашата сметка, веднаш ќе уплатам 500 евра за одбрана на Ламбе.
Ве молам само валидни адвокати и нивните сметки.
Уплатата ќе биде веднаш.— Jasna Koteska (@JasnaKoteska) June 7, 2022
Претходно и скопски адвокатите Јанаки Митровски и Драги Стари Пешевски ги понудија своите услуги бесплатно.