Јавноста повторно згрозена: Државата крати по 6000 денари месечно на едно дете со Даунов синдром

69

Дел од децата со Даунов синдром го загубија додатокот од државата од 6 илјади денари затоа што биле прегледувани од Комисијата за проценка за развојот кај децата со посебни потреби која заклучила дека имаат добра функционалност.

Родителите се гневни и резигнирани и велат дека без разлика на тоа колкав е напредокот кај дете со Даунов синдром, потреба од дефектолог секогаш ќе има, речиси секогаш во овие семејства еден од родителите не работи за да му се посвети на детето, со што тие семејства стануваат семејства во социјален ризик.

„Канал 5“ телевизија објави сведоштва на родители од кои е евидентно дека МКФ ги одбива за посебен додаток дел од лицата со Даунов синдром, и тоа најмалите, бидејќи не сакаат да им дијагностицираат степен на попреченост на деца под 6 години, а одбиваат да утврдат комбиниран тип на попреченост, одбиени се и некои деца над 6 години.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content