СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Иницијативата „Учебници и настава мора да има“ ќе поднесе претставки до ДКСК и Народниот правобранител

Драгана Спасевска од Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ на денешната прес-конференција информира дека оваа недела ќе поднесат претставки до Антикорупциската комисија и до Народниот правобранител за да утврдат по кои законски прописи се воведе оваа реформата за дигитализација и оваа Концепција.

Таа информира дека има и претставки и до Народниот правобранител во однос на тоа да се намалат часовите за време на пандемијата, бидејќи, како што рече, имаат дојави дека на некои ученици им се слошува затоа што нон стоп носат маски.

Спасевска најави дека доколку до дадениот рок – крајот на септември не се обезбедат учебници за сите уеници, тогаш тие од 1 окомври ќе ја бојкотираат наставата, ќе одржуваат протести, па и се заканија и со блокирање на улицата пред Министертсвото за образование и наука.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content