Што сè прават трговците за да продадат стар производ

4

За разлика од европските маркети во кои на посебни гондоли храната пред истекот на рокот на траење се продава по цена пониска и од 70 проценти, српски “Blic” вели дека овој начин на продажба речиси и да не постои во Србија а и на целиот Балкан и Македонија.

Лимонтус и камилица за свеж изглед на месото – За да изгледа посвежо, во месото се додава лимонтус и витамин Ц, кои на вештачки начин го продолжуваат рокот на траење. Исто така, пилешкото, свинското и јунешкото месо се мачкаат со чај од камилица, за да го изгубат непријатниот мирис.

 

Светлото и зачините ги прикриваат маните на месото – Во некои месарници, фрижидерите имаат црвено светло за на купувачите да им делува дека месото само што излегло од производство. Месото кое веќе почнало да ја менува бојата и да се суши од стоење, месарите го ставаат во зачини и го продаваат како мариниран специјалитет, а најлесен начин да се продаде старото месо е од него да се направат плескавици или ќебапи.

Вода и лед за зеленчукот – Зеленчукот, а најмногу зелената салата и зелката, трговците ги прскаат со вода во која има малку детергент за садови, за да изгледа посјајни и посвежо. Овошјето и зеленчукот трговците најчесто ги чуваат на мраз за подолго да изгледаат свежи, а се случува и да ги премачкаат со тенок слој на масло, за да делуваат сјајно.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content