СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

ЗНМ ги додели годишните награди

Здружението на новинарите на Македонија денеска ги додели новинарските награди за 2021 година по повод 76-годишнината од своето формирање. Наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков”, оваа година ја доби уредничката на неделникот „Фокус”, Јадранка Костова, додека добитник на наградата за најдобра истражувачка сторија „Јашар Еребара” е Соња Колевска-Делевска од „сдк.мк”, а наградата за известување на теми од локално и регионално значење ја добија Убавка Јаневска и Даниела Саздова од „дума.мк”.

Долгогодишната уредничка на „Фокус”, Јадранка Костова, изрази надеж дека овие награди на ЗНМ можеби ќе овозможат поголем број средношколци да ја изберат новинарската професија.

ЗНМ секоја година доделува награди за новинари, наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков”, награда за истражувачко новинарство „Јашар Еребара”, и наградата којашто ја доделува од 2020 година по одлука на Управниот одбор за теми од локално и регионално значење за новинари од внатрешноста на земјата.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content