СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Џудо клубот СЕИШИН севкупен победник на официјалната ранг листа на Македонија

Џудо Федерацијата на Македонија ги објави резултатите за натпреварувачката 2021 година.

По завршувањето на натпреварувачката 2021 година во џудо спортот од страна на надлежните органи сумирани се официјалните севкупни резултати на ниво на Македонија и во согласност со тоа Џудо Клубот Сеишин Прилеп е на 1-то место на ранг листа на Македонија.

Клубот ја одбрани шампионската титула од 2019 година бидејќи претходната 2020 заради пандемијата со Ковид 19 не се одржаа потребниот број на државни првенства, а со тоа и немаше официјално рангирање.

„Моментално за спортистите од клубот е преоден период, а подготовките за новата натпреварувачка 2022 клубот ќе ги отпочне со почетокот на учебната година и пуштањето на спортските сали во градот по училишните објекти, бидејќи клубот не поседува специјална Доџо сала наменета за џудо боречката вештина“, вели Дејан Мицкоски, тренер во џудо клубот „Сеишин“ – Прилеп.

 

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content