Што да направите кога стрелките ќе се поклопат?!

32

Бидејќи се слави низ целиот свет, Нова Година е празнување обвиено со многу митови и легенди.

Празноверие или не, одлучете сами и внимателно изберете своја новогодишна легенда!

 

Кога стрелките ќе се поклопат…

Точно на полноќ, во пресрет на Нова Година, бакнете ги вашите најмили. Според ова верување, ако не им подарите бакнеж, цела година ќе царува студенило во врската со вашите најблиски.

Гласно дочекајте ја Нова Година

Извикајте Среќна Нова, запејте на глас, смејте се, што и да правите бидете гласни кога ќе се поклопат стрелките, бидејќи легендата раскажува дека гласните и весели звуци ќе ги протераат лошите духови, па цела година ќе бидете заштитени од нивното влијание.

Подмирете ги долговите

Сите сметки и долгови од старата година подмирете ги навреме и не дозволувајте да зачекорите во годината која следи со неплатени сметки. Според ова верување, Нова Година е време кога треба да се започне одново, а неплатените сметки не смеат да бидат дел од новиот почеток.

Првиот посетител во Новата Година

Според ова интересно верување, првиот посетител во вашиот дом ќе има силно влијание во годината која штотуку почнала. Така, ако првиот посетител кој ќе ви дојде на врата е маж, особено ако е висок и црн, годината ќе ви донесе многу радост. Плавокосите и црвенокосите луѓе носат лоша среќа, а лош знак е и ако првиот посетител во вашиот дом е жена. Ако верувате во оваа легенда, внимавајте кому ќе му ја отворите вратата во Новата Година!

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content