Шестотини илјади луѓе остануваат во државен притвор

49

СДСМ и ДУИ гласаа против продолжувањето на рокот на важење на пасошите. На денешната седница, беше ставен на дневен ред предлог Законот кој го поднесе опозицијата но со мнозинство гласови на СДСМ и ДУИ пратениците на опозицијата беа надгласани. За гласа 46 пратеници, а против 54. Со тоа, македонските граѓани остануваат во државниот притвор.
Доколку се донесеа измените за македонските граѓани ќе се сменеше само тоа што македонските граничари ќе можеа да ги пропуштаат на нашата граница за излез и оние со стар пасош, бидејќи штом излезете од Македонија, потоа, со стариот пасош без проблем се движите во најголемиот дел од Европа.

Со реакција на потегот на СДСМ и ДУИ се јави и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој напиша:

-Бранејќи ги грешките на Оливер Спасовски, пратениците на СДСМ, ДУИ и НСДП гласаа против законот за продолжување на важноста на пасошите издадени од МВР на Република Македонија. Со ова, за жал, СДСМ, ДУИ и НСДП оставија на цедило 600.000 македонски државјани на кои им е нарушено правото на слободно движење, а на голем дел со ова им се загрозени нивните работни дозволи во странство, документите за постојан престој, како и лекувањето или образованието надвор од Македонија!

П.С. им благодариме на колегите пратеници

Бејџан Илјаз, Мирослав Јовановиќ, Павле Трајанов, Африм Гаши, Фадил Зендели, Изет Меџити, Сафие Шаини, Мерита Коџаџику и Муса Ибраими, кои гласаа ЗА и потребата на државјаните ја ставија пред ситно-партиските калкулации на власта.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content