Култура
Членството бара одговори од синдикатот
Протест пред просториите на СОНК по објавата дека синдикатот се договори за зголемување од 12% со владата, иако претходно барање беше 18,4%.

Неколку стотици членови на СОНК се собрани пред седиштето на синдикатот, велат се изманипулирани од текстови во некои медиуми кои од сношти пренесуваат дека раководството прифатило зголемување на платите за 12% и дека штрајкот дефинитивно завршува со денешниот ден.
Како што известува Телма тие очекуваат да излезе некој од раководството на СОНК да излезе и да им каже што е точно. Тие не даваат изјави.
Вчера лидерот на СОНК по средбата со претставници од Владата кажа дека се очекува штрајкот да заврши, но дека за тоа Советот на СОНК треба да донесе одлука. Советот е закажан во 16 часот.