СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Јасна Котеска понуди 500 евра за одбраната на Ламбе

Универзитетската професорка Јасна Котеска понуди 500 евра за легална одбрана на пејачот Ламбе Алабаковски, против кого вечерва беше поднесено обвинение за предизвикување општа опасност.

Најсериозно, до секој адвокат/и на Ламбе пишете ми на [email protected] со валидна лиценца за негова одбрана и вашата сметка, веднаш ќе уплатам 500 евра за одбрана на Ламбе.
Ве молам само валидни адвокати и нивните сметки.
Уплатата ќе биде веднаш, порача Котеска преку „Твитер“.

На нејзиниот повик се одзва адвокатот Сашко Дукоски, кој ги одби парите и се понуди про боно да го застапува пејачот.

Претходно и скопски адвокатите Јанаки Митровски и Драги Стари Пешевски ги понудија своите услуги бесплатно.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content