СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Четири романи во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“

Романите „Денот на црвот“ од Симона Јованоска (Или-или), „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски (Или-или), „Деса“ од Ивана Трајаноска (Арс Либрис) и „Ден за одмазда“ од Ивица Челиковиќ (Паблишер) влегоа во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“ за 2021 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

На годинашниот конкурс пристигнаа 39 романи, а жири-комисијата во состав Владимир Јанковски (претседател), Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) ќе го соопшти лауреатот на годинашната награда „Роман на годината“ на 15 март.

Наградата, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Најтесен избор за наградата „Роман на годината“

1. „Денот на црвот“, Симона Јованоска, „Или – или“
2. „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“, Давор Стојановски, „Или – или“
3. „Деса“, Ивана Трајаноска, „Арс Либрис“
4. „Ден за одмазда“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content