Чатлески во Латвија на годишно Собрание на Европската Боксерска Унија

36

На ова Собрание се одржа редовен избор на Претседател и членови на Управен одбор. За нов претседател беше избран г-дин Петер Стуцки од Швајцарија.

Чатлески ни ги пренесува најважните одлуки од ова Собрание:

-Агендата имаше 14 точки, а најголем акцент се стави на заштита на здравјето на боксерите. Постојните мерки за прегледите на боксерите да се почитуваат и да не се прават отстапки. Еден од најважните прегледи на професионалните боксери е МРИ на глава.

Разговаравме со новиот претседател Петер Стуцки, кој истакна дека е задоволен од работата на Про Бокс Македонија. Договоривме во блиска иднина претседателот П.Стуцки и дел од одборот на Е.Б.У да бидат гости во нашата земја – ни изјави Дарко Чатлески.

Следното Генерално Собрание ќе се одржи во 2023 година на Малта.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content