Цистерна со метан го отежна сообраќајот кај Плетвар

32
РЦУК – Прилеп известува дека од 15:20 часот пожарникарите од Прилеп и екипа од Полициска станица ПС Прилеп на патен правец Прилеп – Плетвар кај Каменоломот имаат интервенција на сигурносниот вентил кој испуштал гориво од возило – цистерна што превезувала течен гас – метан.
Сообраќајот се одвива под контрола на патрола од ПС Прилеп.
За настатнот е известен инспекторот за заштита и спасување од ДЗС Прилеп.
И од АМСМ известуваат дека од 16:50 часот на магистралниот пат Прилеп -Градско, сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата.
Наизменичното пропуштање на возилата е заради безбедносни причини, каде што има истекување на гориво -метан кое е превезувано со цистерна.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content