Цигарите поскапуваат за 5 денари, во една кутија ќе има 20 парчиња

33

Поради промените кои ги наметнува новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи, во наредниот период дел од брендовите на цигари ќе поскапат за пет денари.

Имено, Законот кој стапи на сила во мај минатата година строго дефинира дека едно пакување може да содржи најмалку 20 цигари и не дозволува да се пуштаат во промет пакувања со 19 или помалку цигари.

 

Одредбата мора да се имплементира до крајот на ноември годинава. Оваа промена на производителите им наметна прилагодувања на производството и зголемување на вкупната акциза за пакување, со оглед на тоа што акцизата се плаќа по поединечна цигара.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content