СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Хуманитарен концерт на КУД „Моминок” – Прилеп

Синоќа (15.10.2022година /среда), со почеток од 19 часот во големата сала при националната установа центар за култура “Марко Цепенков”-Прилеп, свој хуманитарен концерт одржа културното уметничко друштво “Моминок”-Прилеп.
Имено, културното уметничко друштво “Моминок” е најстарото културно уметничко друштво.Формирано е и започнало со работа во 1933 година и активно работело се до 1936 година.Потоа се прави 10 годишна пауза, поради втората светска војна.
Културното уметничко друштво “Моминок” повторно започнало со работа во 1946 година и е активно се до ден денес.
Во друштвото се среќаваат голем број на кореографи од сите краеви на Македонија, вклучувајќи го и егејскиот и пиринскиот дел на етничка Македонија.
“Моминок” има одржано голем број на концерти како во градот од кој потекнува , градот Прилеп, така и во негова околина, низ цела Македонија и во многу други градови на балканот и во светот.
Тоа исто така има одржано голем број на турнеи, меѓу кои најзначајна е турнејата во Австралија во 1996година.
Во друштвото активно учество земаат 200 членови кои се поделени во 3 групи.
-Фолклирна;
-Музичка; и
-Пејачка група, а најголема е фолклорната секција.
Со смената на генерациите исто така се прават мали паузи во работата на друштвото.
“Моминок” и понатаму ќе ја шири македонската музика, култура, песни, ора и т.н.
Гости на хуманитарниот концерт на КУД “Моминок” беа културното уметничко друштво “Мирка Гинова”-Демир Капија и инструменталистот Стевче Стојковски од Скопје.
КУД “Моминок” на концертот се претстави со женското оро “Тресеница”, мешаното оро “Тропнало”, женското оро “Водарки”, а исто така се претстави и со два мешани сплетови “Егејски сплет” и “Источен сплет” додека пак КУД “Мирка Гинова” од Демир Капија се претстави со ората “Малешевка”, “Повардарие”, “Водарки” и орото “Меглен”.
Имено на концертот се претставија и Теона Богданоска со песните “Што имала к’смет Стамена”, “Бело лице љубам јас” и “Три невесте тикве барале бре”, а додека пак Стевче Стојковски се претстави со неколку инструментални композиции.
Концертот беше поделен во 2 блока.
Финансиските средства кои беа собрани од влезниците ќе бидат донирани за изградбата на новите куќи кои беа опожарени во месец јули во прилепската населба Марино Маало.
Концертот траеше 1 час и 30 минути од 19 до 20:30часот.
Концертот го водеше Христијан Ангелески.
Повеќе за атмосферата погледнете од фотографиите и видео-записите во продолжение.
Новинар:
Христијан Ангелески
(Пишува Христијан Ангелески, соработник на Радио Холидеј)

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content