СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Одложен почетокот на новата сезона

КОШАРКА – ПРВА ЛИГА ЗА МАЖИ

Новата кошаркарска сезона во Првата лига за мажи, наместо на првобитно планираниот термин, на 3 октомври, ќе почне седум дена подоцна. Ваква одлука била донесена на заедничкиот состанок на раководството на Кошаркарската федерација на Македонија и на Здружението на прволигашите. Притоа и двете страни заклучиле дека поради актуелната ситуација, што владее поради пандемијата на коронавирусот, е потребно одложување на почетокот на новата сезона. Почетокот на сезоната во Првата лига за жени останува ист, на 10 октомври.

Во Првата лига за мажи ќе играат 12 клуба, а првопласираните шест екипи (со пренесени бодови од првиот дел), продолжуваат во Суперлигата, а оние екипи (исто така со пренесени бодови од првиот дел), кои ќе се пласираат од 7-то до 12-то место ќе разигруваат во плејаутот. Во Првата лига за жени ќе се натпреваруваат 14 клуба поделени во две групи. Првопласираните четири екипи ќе обезбедат пласман во плејофот и ќе играат за шампионската титула.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content