СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Ковачевски НЕМА ПОДДРШКА од помалите коалициони партнери

Помалите коалициони партнери не даваат поддршка за ваква преговарачка рамка и тоа јасно му го ставиле до знаење и на премиерот Ковачевски.

Како што се дознава синоќа до доцна во ноќта имало средба на која Ковачевски не добил поддршка.

ДОМ, ЛДП и Демократскиот сојуз, се противат на ваков предлог, а тоа може да се види и од денешното соопштение на ДС во кое тие повикуваат да се преработи рамката и во неа да нема билатерални проблеми.

Премиерот барал неговите мали коалициони партнери да дадат поддршка за предлогот, но тие констатирале дека во овој момент немаат доволно информации околу тоа што предвидува француското решение, објавиПрес24.

Од Ковачевски побарале официјален превод на предлогот на македонски јазик пред да донесат конечна одлука. Истовремено, од премиерот побарале да го видат и билатералниот протокол пред да излезат со конечен став. Состанокот завршил по полноќ без никаков договор, односно со договор, дополнително да се договорат откако ќе ја видат целата документација.

Извори од малите политички партии велат дека не се подготвени да дадат бланко поддршка, особено ако се има предвид дека големо мнозинство од граѓаните но и од партиското членство на самите партии е против овој предлог, а тоа, како што вели нашиот извор катастрофално ќе се одрази на рејтинзите и резултатите на наредните избори. Велат, во овој момент не треба да се реагира брзоплето и веднаш да се прифати предлогот, бидејќи времето не треба да биде фактор во оваа ситуација.

Малите политички партии веќе ја одбија првата верзија од францускиот предлог заканувајќи се дека ако власта ја прифати тие, ќе ја напуштат коалицијата.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content